Првиот натпревар 36.то коло од Премиер лигата меѓу Лидс и Њукасл одигран на Еланд Роуд заврши без победник 2:2.

На исходот големо влијание имаа трите пенали на натпреварот (еден за Лидс, два за Њукасл), со тоа што домашните не го реализираа, а гостите ги погодија двата. Лидс со освоениот бод сеуште е во опасната зона и нема победа на последните 7 натпревари, додека Њукасл со победата на денешниот дуел ќе беше многу блиску до пласман во Лигата на шампионите.

Лидс поведе во 7.минута од првата добра акција на дуелот, а стрелец беше капитенот Лук Ајлинг.

Во 28.минута домашниот ти пропушти да поведе со 2:0. Ударот од белата точка на Патрик Бамфорд, Ник Поуп го одбрани.

Три минути подоцна пенал за Њуксал, а прецизен беше Калун Вилсон за 1:1. Гостите поведоа со 2:1 со вториот гол од пенал на Вилсон во 69.минута откако ситуацијата на играње со рака беше прегледувана во ВАР собата.

Лидс изедначи на 2:2 во 79.минута со голот на Расмус Кристенсен, со што Лидс ги задржа шансите за опстанок во Премиер лигата. Во 90.та минута домашниот играч Фирпо поради втор жолт картон беше исклучен.

Њукасл остана на третото место со 66 бодови, а Лидс е трет (од долу на табелата) со 31 бод.