Реал Сосиедад испушти два бода на домашен терен во битката за четвртото место, кое води во Лигата на шампионите. Во натпревар со 4 погодоци, Реал Сосиедад и Џирона ги поделија бодовите и одиграа 2:2.

Возбудливо прво полувреме исполнето со 4 погодоци. Реал Сосиедад уште на самиот старт на натпреварот нападна и ја покажа својата желба за победа. Во 5-тата минута беше досуден пенал за домаќинот, а Микел Оризабал го отвори резултатот.

Сосиедад не се задоволи со ова водство и нападна по втор погодок, а тој пристигна во 24-тата минута кога Давид Силва ја затресе противничката мрежа. Џирона не се предаде после примените два погодоци и ја превзеде играта во своите нозе. Коуто во 37-мата минута ја намали предноста на Сосиедат, а тоа беше поттик за да нападнат и да дојдат до израмнување. Нивните напади вродија со плод длабоко во судиското надополнување кога Кристиан Стуани постигна гол и на полувреме резултатот гласеше 2:2.

За разлика од првото полувреме каде што видовме четири погодоци, во вториот дел мрежите мируваа. Иако натпреварот беше богат со многу шанси, сепак до самиот крај не видовме уште еден погодок. Во самиот финиш Ориол Ромеу заработи втор жолт картон, но Џирона успеа да се одбрани.

Реал Сосиедад со овој бод сега има 62 и се наоѓа на плус 8 пред Виљареал во борбата за четвртото место. Џирона моментално има само бод повеќе од Атлетик Билбао и се надева дека ќе успее да ја зачува седмата позиција.

Филип Василевски