Без победник заврши третиот четвртфинален дуел од Лигата на шампионите. Во Веспрем истоимениот домашен тим одигра нерешено 29:29 (13:16) со полската екипа Киелце. Гостите беа пред победа особено што во последната минута поведоа со 29:28 со голот на Морито, но сo звукот на сирената за изедначување на Веспрем погоди Лауге.

Полскиот тим подобро го „отвори“ дуелот и имаше водство од 4:0 на почетокот и таа предност воглавно ја чуваше, со тоа што во неколку наврати Веспрем намалуваше на еден негатива. Првото изедначување беше по дестина минути игра во вториот дел 18:18, а по 19:20 за Киелце, Веспрем направи серија од 4-0 за водство од 23:20. По водството на Веспрем од 24:22, Киелце направи серија од 4-1 за ново водство. Сепак до крајот на натпреварот ниту една екипа не успеа да оствари водство доволно за победа.

Со по 6 голови најефикасни беа: Елдера и Штрлек кај Веспрем и Алекс Душебаев од Киелце. Голманите на двата тима имаа по 12 одбрани – 12 Родриго Коралес кај Веспрем и Андрес Волф кај Киелце.

Последниот чевртфинален дуел ГОГ – Бареслона се игра од 20:45 часот.

Вчера: Висла – Магдебург 22:22 и Кил – ПСЖ 27:31.