Македонскиот тенисер Горазд Србљак го заврши настапот на фјучрсот во Куршумлијска Бања што се игра за награден фонд од 25.000 долари. Тој во мечот од првото коло загуби од Аргентинецот Хуан Пабло Паз со 2-0 во сетови (6:1 и 6:2 во гемови). Мечот траеше 91 минута.

Србљак успешно ги мина квалификациите на овој турнир откако ги победи Дика од Романија и Ганта од Индија.