Најдобриот македонски кошаркар во моментов Ненад Димитријевиќ го предводеше својот тим Уникс Казањ до голема победа во дуелот со Локомотива Кубан во серија во ВТБ лигата.

Тимот на Уникс триумфираше со 79:76 иако во завршницата имаше 10 поени негатива (63:73).

Токму Нено со завршните два поени и вкупно 15 на натпреварот, ја потврди победата на својата екипа со која Уникс го израмни резултатот на 1:1 во серијата подобар до четири победи. 

Зад своето име Димитриевиќ впиша и по два скока, асистенции и украдени топки, додека неговиот соиграч со Рејнолдс 19 поени беше најефикасниот кошаркар во победничката екипа.