Откако го направија најголемиот скандал во Евролигата, сега кошаркарите на Реал Мадрид чувствуваат не безбедни, па сега со дополнителни барања кон српската полиција и белградски Партизан, се ќе обидат да направат дополнителен притисок, како би „останале во живот“ односно би ја продолжиле надежта за евентуален пласман на фајнал-форот.

Партизан славеше две победи во Мадрид, па го дели само уште еден триумф од завршниот турнир во Каунас.

Но по изречените казни од страна на „дисциплинецот“ на Евролигата, црно-белите ќе бидат видно ослабени, бидејќи ќе ги немаат своите двајца најдобри кошаркари, капитенот Пантер кој е казнет со два натпревари, како и Лесор кој ќе го пропушти само утрешниот.

Од „кралскиот тим“ доставија листа на барања пред гостувањето во Белград, а според информациите, Партизан и српската полиција, истите ги прифалила.

  • Автобусот да ги земе кошаркарите од авионска писта со цел да се избегне било каков контакт со навивачи и со медиуми.
  • Полицијата ќе ја следи делегацијата од аеродромот до хотелот, потоа од хотелот до салата за време на тренингот.
  • Исто така полиција мора ги обезбедува и кога ќе одат на натпреварот, како и од хотелот до аеродромот.
  • Пред хотелот во кој ќе бидат сместени кошаркарите на Реал Мадрид, постојано мора да има обезбедување.
  • Обезбедувањето мора да биде зголемено и во салата, посебно околу клупата на Реал Мадрид

Натпреварот број три меѓу Партизан и Реал Мадрид ќе се игра утревечер во „Штарк Арената“ која одамна е распродадена, а ќе започне од 20 часот и 30 минути