Екипата на Партизан ја оствари втората победа над шпанскиот гигант Реал и тоа среде Мадрид со што белградскиот тим поведе со 2:0 во победи во четвртфиналната рунда во Евролигата.

Ако, пред два дена победникот беше решен со последната секунда со тројката на Кевин Пантер, вечерва во вториот натпревар, Обрадовиќ и неговите избраници едноставно го „прегазија“ фаворизираниот тим.

Уште од самиот почеток, па се до крајот на теренот доминираа играчите на црно-белите, а фрустрациите на немоќниот домашен тим кулминираше на 100-секунди пред крајот.

При убедливо водство на Партизан, во последната минута, 95-80, неспортскиот фаул направи Љуљ врз Пантер, кој реагираше, на што уште по жестоки беа домашните играчи Јабуселе и Дек, па дури на крајот со „кечерски“ зафат Французинот го тресна од земја Американецот, Ексум.

По смирувањето на ситуацијата повеќемина играчи беа ислулено, но арбитрите испратени во соблекувалната, а допрва Евролигата ќе решава какви ќе бидат санкциите.

Следните два натпревари ќе се играат во Белград во „пеколна“ атмосфера, бидејќи „Штарк“ арената е веќе распродадена до последното место.