Екипата на Јанта волеј ќе го пречека актуелниот првак Работнички Скопје во четвртиот натпревар од финалето на разигрувањето во женскиот одбојкарски шампионат на Македонија.

Резултатот е 2-1 во победи за бранителките на трофејот, па нова победа во Кисела Вода денеска, Работнички Скопје повторно ќе слави двојна круна.

Доколку триумфира Јанта волеј, ќе се игра мајсторка, решавачки петти меч.

Досега предноста на домашниот терен се покажа како клучна, а дали ќе биде така и денеска останува да видиме во мечот што ќе се игра во салата „Независна Македонија“ во Кисела Вода, со почеток од 18:45 часот.