Екипата на Њукасл не го дава третото место на табелата во Премиер лигата. Во натпреварот на „Сент Џејмс Парк“, Њукасл сопресврт во второто полувреме го победи Саутемптон со 3-1 и ја задржа предноста во однос на четврто пласираниот Манчестер Јунајтед.

Иако домаќините постојано напаѓаа, сепак Саутемптон беше тимот кој прв поведоа. Тоа се случи во 41-минута кога Армстронг по акцијата на Сулемана го постигна водечкиот гол за гостинскиот тим.

Во вториот дел домаќините тргнаа на се или ништо. Тоа донесе резултат.

Најдобриот стрелец на Њукасл во 55,минута го израмни резултатот. И во 75-тата минута Вилсон постигна гол, но беше поништен поради офсајд. Сепак пет минути подоцна, Тео Волкот си постигна автогол, а Вилсон во 81-та беше стрелец на нов гол за водство од 3-1.

Тоа се покажа и како конечен резултат на натпреварот.

Њукасл е трето пласиран со 65 бодови, два повеќе од Манчестер Јунајтед кој исто така славеше победа во дуелот со Астон Вила.