Стартни победи на екипите на Денвер и ЛА Клипер во првата рунда од пејофот на Западната конференција.

Најдобрата екипа на западот Денвер го демолира составот на Минесота совладувајќи го со 109-80. „Нагетси“ до првата победа ги предводеа Џамајл Мареј кој имаше учинок од 24 поени и по 8 скокови и асистенции, заедно со кандидатот за МВП, Никола Јокиќ кој оствари дабл-дабл со 13 поени и 14 скокови. И следниот натпревар во серијата подобар до четири победи се игра во Денвер.

Првиот дуел на Феникс и ЛА Клиперс потврди дека ова треба да е најнеизвесниот двобој од првата рунда на плејофот, а заврши со победа на гостите со 115-110.

Гостите од ЛА беа оние што доминираа во првото полувреме. Домашниот тим ја презеде водството во третата четвртина во која имаше и +9, за во последната четвртина да се влезе со израмнети 81-81.

Каваи Ленард тогаш стапи на сцена и со вкупно 38 поени му донесе „брејк“ на својот тим. На „Сонцата“ не им помогнаа ниту расположениот Кевин Дурант кому му фалеше еден скок за трипл-дабл, а натпреварот го заврши со 27 поени, 11 асистенции и 9 скокови.

И вториот натпревар се игра во Аризона.