Да се гледа Барселона секогаш е предизвик, па макар таа играла и во Мадрид, но не против Реал и Атлетико.

Но, каталонскиот гигант потфрли на вечерашниот натпревар со Хетафе со кој одигра натпревар без голови 0-0.

Стадионот „Колосеум Алфонсо Перез“ е еден од најмалите според капацитетот каде се играат натпреварите во Ла Лига. Вчера исполнет до последното место 17.000 гледачи.

Но. Имаше и повеќе. Неколкумина се снајдоа, па натпреварот го следеа од невообичаената „ложа“ и тоа бесплатно.

Постарите љубители на фудбалот во нашата земја ќе се присетат, дека ваквиот начин на следење на фудбалските натпревари, беше редовна пракса на бројните терени ширум Македонија.

Секако највпечатливо во тие времиња беше „Чаирското дерби“ меѓу Балкан и Слога Југомагнат, па бројни навивачи можеа да се видат на дрвата во локалниот парк крај стадионот.

Не, ретко и на „Градски“ оној стариот, не новиот модерен, вардаровите навивачи ги бодреа црвено-црните во Првата сојузна лига на тогашна Југославија, од локалните тополи, зад „Кампинг“.

И некој ќе рече. Носталгија. Да. Бидејќи тогаш стадионите, какви такви македонски, беа полни со навивачи, бројки кои сега неможат да исполнат ниту едена полусезона со вкупна посетеност.