Франческо Бањаја е победник на спринтерската трка во Остин каде вечерва на програмата е американското Гранд-при.

Актуелниот шампион во Мото ГП, Бањаја извозе фантастичен спринт и со повеќе од две секунди прв ја мина целната рамните пред Шпанецот, Алекс Ринс кој иако добро стартуваше уште во првиот круг беше минат од Италијанецот, кој на крајот заслужено славеше.

Место на пиедесталот избори и Шпанецот, Хорхе Мартин од тимот на Примак Рејсинг.

Ова ќе биде и трио на возачи кое ќе стартува од првиот ред на вечерашната трка за Големата награда на САД што почнува во 21 часот.

Зад нив во вториот стартен ред ќе бидат, Алекс Маркез, Марко Безеки и Алекс Еспаргаро.

По три извозени трки водечки во генералниот пласман е Безеки со еден бод повеќе од Бањаја