Дека пласманот во плеј-офот на Сакраменто „Кингс“ првпат по 17 години и тоа како трето пласирам на западот не е случаен потврди синоќешниот прв дуел од четвртфиналната серија против Голден Стејт.

„Кингси“  пред својата публика во неизвесна завршница ги совладаа актуелните шампиони Голден Стејт „Вориорс“ со 126:123 и поведоа со 1-0 во победи.

Ова беше многу возбудлив натпревар, бидејќи ниту една екипа не успеа да се одлепи на повеќе од десет поени предност. „Воините“ поголемиот дел од времето беа во водство, но во последниот дел Скраменто на „крилјата“ на публика успеа стигне до триумф.

Во завршните 16 секунди од натпревар, прво Клеј Томсон промаши „тројка“ за водство, за на спротивната страна  Малик Монк со две реализирани слободни фрлања да ја зголеми предноста на +3. Во последниот напад на „Вориорси“  Стеф Кари се обиде да погоди за израмнување, но најдобриот шутер на сите времиња не успеа да погоди тројка, па Сакраменто можеше да слави.

ДеАрон Фокс со 38 и Монко со 32 поени беа најзаслужните за оваа победа на Сакраменто, додека Кари со 30 и Томсон со 21 поен беа најефикасните во поразената екипа. И следниот натпревар во серијата подобар до 4 победи ќе се игра во Сакраменто. 

На стартот на плеј-офот, почетни победи на домашен терен забележаа и Филаделфија над Бруклин (121-101), Бостон во дуелот со Атланта (112-99), додека Њу Јорк славеше на гостувањето кај Кливленд со 101-97. 

Вечерва своите први натпревари ќе ги играат Мемфис против ЛА Лејкерс (21 часот), Милвоки – Мајами (23:30 часот), Феникс – ЛА Клиперс (02:00 ч.) и Денвер – Минесота (04:30 часот).