Борац „успеа„ да го совлада тимот на Будуќност и тоа среде Подгорица, во последното коло од АБА лигата, а со тоа, привремено да обезбеди опстанок на сметка на МЗТ Скопје Аеродром. Иако натпреварот резултатски беше решаван со последниот шут, сепак сомнежите дека станува збор за „МЕСТЕНКА„ до некаде се потврдуваат со отказот што го доби Владимир Јовановиќ.

Имено, раководството на Будуќност само еден час по натпреварот кој го загуби црногорскиот шампион, ја информира јавноста дека ја прекинува соработката со српскиот тренер.

„Будуќност ја известува јавноста дека клубот и досегашниот шеф на стручниот штаб Владимир Јовановиќ вечерва меѓусебно ја прекинаа соработката. Меѓусебниот прекин на соработката дојде по поразот од Борац од Чачак во последното коло од регуларниот дел на АБА лигата. За промените во стручниот штаб и натамошните чекори клубот благовремено ќе ја информира јавноста. Будуќност му посакува успешна кариера на Владимир Јовановиќ“, се вели во соопштението.

Со ова се зголемуваат сомнежите за МЕСТЕНКАТА, особено ако се земе во предвид, дека Будуќност кој заврши како трето пласиран зад Партизан и Црвена Звезда, до овој пораз од Борец имаше фантастична серија од осум победи.

Го „шитна ли тимот“ Јовановиќ, без тоа да го знае раководството на клубот или однапред е договорен овој епилог, останува само да претпоставуваме, нагаѓаме и да жалиме, што Македонија догодина нема да има свој претставник во АБА лигата.

Но, да бидеме и реални, МЗТ е сам крив за неколкуте испуштени победи со кои немаше да се доведе во ваква ситуација, а уште повеќе за двата порази од Борац, особено вториот на гостински терен, за кој нели тимот се спремаше како за финале во „Хамлетовски стил“