Екипата на Барселона го доби Реал Мадрид во кошаркарското „Ел класико“ односно натпреварот од 27-коло од шпанската кошаркарска АЦБ лига

Рамноправна кошарка во „Блау Грана“ се играше само во првото полувреме во кое двете екипи си поделија по една четвртина, за на паузата да се замине само со поен предност за Барселона (47-46). 

Но во вториот дел на теренот доминираа домаќините, имаа и највисоки 17 поени предност, кои гостите кои се покажаа како клучни иако гостите од Мадрид во еден момент дојдоа на -4. Сепак немаа „кралевите“ сили за комплетен пресврт па одкако останаа со тројца играчи помалку (поради пет лични грешки), Барселона го “дотолчи“ и на крајот славеше со конечни 15 разлика 97:82. 

Никола Миротиќ беше најефикасен со 23 поени, а Томаш Саторански додаде 18 поени и 8 асистенции, додека Никола Лапровитола средбата ја заври со дабл-дабл со по 14 поени и асистенции. Кај Реал, најефикасен беше Џанан Муса со 23, а Јабуселе додаде 19 поени.

 Барселона сега е на врвот на табелата со ист „скор“ 22-5 како и Басконија која денеска загуби од Тенерифе, додека Реал заостанува една победа зад водечкиот тандем.

Во продолжение, видете ги двата најубави потези кои го одбележаа натпреварот, а потиа и комплетниот „хајлатс“