Македонскиот вицепрвак Еурофарм Пелистер е првиот патник во полуфиналето на регионалната ракометна СЕХА лига.

Битолскиот клуб по втор пат го совлада словачкиот шампион Татран Прешов во дуел од четвртфиналето и сосема заслужено останува во игра за титулата.

Откако во Битола славеа со 8 гола разлика пелистерци попладнево на гостувањето победија со 10 гола разлика 36-26.

Целата работа зелено-белите ја завршија уште во првиот дел кој го добија со 20-10, па вториот беше само формалност.

Ненад Костески со 11 гола беше најефикасниот во редовите на Пелистер, кој сега ќе ги чека исходите од дуелот меѓу Партизан и Веспрем кој повеќе од јасно ќе го добијат црно-белите кои во првата средба славеа со 15 разлика.

Утре, нашиот првак Вардар на гостувањето кај Војводина во Нови Сад оди со 13 разлика предност која е повеќе од гаранција дека и вардарци ќе се пласираат меѓу четирите најдобри, позиции за кои ќе решаваат хрватските ППД Загреб и Нексе кои играат меѓусебно.