Најнеизвесниот натпревар во синоќешната програма во НБА лигата се одигра во Солт Лејк Сити каде гостите од Лос Анџелес тимот на Лејкерси забележа победа над Јута и тоа по продолжението.

Леброн Џејмс беше предводникот на „Езерџиите“ до овој важен тримуф со кој остануваат во трка за место што води во плејофот.

Иако имаа можност да слават уште во регуларниот дел, сепак гостите им дозволија на „Џезерите“ со серија до 10-0 да стигнат до израмнување и продолжение откако Лебром не реализира обид за победа.

Во дополнителните 5.минути, Џејмс и Дејвис сепак не дозволија победата да им избега од раце, па со 32 поени на Леброн, како и дабл-дабл учинокот на Дејвис со 21 поени 14 скокови, Лејкерси заслужено славеа со конечни 135-133, со што сега се на 6.место на табелата во западната конференција си ист „скор“ како и градскиот ривал „Клиперси“.

Од останатите натпревари издвојуваме.
Тимот на Чикаго иако пред своите навивачи загуби убедливо од Атланта со 123-105, сепак обезбеди место во плеј-ин разигрувањето.

Тоа благодарение на Донован Мичел кој со 43-те поени го предводеше Кливленд до победа на гостувањето кај Орландо со 117-113, па популарните „Меџикси“ и теоретски ги загубија шансите за разигрувањето.

И Торонто кој славеше кај Шарлот со 120-102 е сигурен патник во плеј-инот.

До крајот на регуларниот дел тимовите имаат да одиграат уште максимум по три натпревари.

РЕЗИЛТАТИ
Шарлот – Торонто 100:120
Детроит – Мајами 105:118
Орландо – Кливленд 113:117
Вашингтон – Милвоки 128:140
Бруклин – Минесота 102:107
Чикаго – Атланта 105:123
Хјустон – Денвер 124:103
Мемфис – Портланд 119:109
Њу Орлеанс – Сакраменто 103:121
Филаделфија – Бостон 103:101
Јута – ЛА Лејкерс 133:135 (по продолжение)
Голден Стејт – Оклахома 136:125
Феникс – Сан Антонио 115:94