Во италијанскиот фудбалски куп вечерва се игра првиот од двата натпревари во полуфиналната рунда.

Љубителите на фудбалот со нетрпение го чекаат мега дербито меѓу Интер и Јувентус што ќе се игра во Торино.

Ова е трет меѓусебен дуел сезонава на овие два тима. Двата првенствени ги доби „старата дама“ со минимално 1-0.

Иако деновиве на големо се шпекулираше дека Интер можеби ќе се „откаже“ од трката за трофејот во ова натпреварување и да се фокусира на настапот во Лигата на шампионите, како и Серија А, да брка пласман во елитното натпреварување и следната сезона, сепак деновиве шпекулациите беа отфрлени.

Како што пренесуваат италијанските медиуми, од вечерашниот меч зависи и иднината на тренерот на „неро-аѕрите“ Симоне Инзаги. Интер е во серија од четири натпревари без победа, па сега со ист број на бодови (50) е на делба на четвртото место со Рома, а има само два повеќе од Аталанта.

Јуве заостанува шест бодови на седмата позиција, но сеуште е во игра за место што носи пласман во евро-куповите.

Едно од нив е и Купот на Италија, па затоа Јувентус ќе се обиде да ја продолжи позитивната низа во дуелите со Интер.

Вечерашниот меч меѓу Јувентус и Интер ќе започне од 21 часот термин во кој утревечер ќе се одигра и вториот полуфинален натпревар меѓу Кремонезе и Фиорентина.