Екипата на Манчестер Јунајтед пред два дена беше поразен од Њукасл со 2:0 и падна на петтото место на табелата во Премиер лигата.

Со овој пораз „црвените-ѓаволи“ си ја загрози позицијата преку која брка пласман во Лигата на шампионите.

Затоа раководството на клубот од „Олд Трафорд“ со тренерот Тен Хаг веќе од сега планира големи промени во играчкиот кадар на крајот од сезоната, а веќе направи трансфер листа со шест играчи.

Мегваер пред четири години пристигна во Манчестер Јунајтед од Лестер за 87 милиони евра, а моментално е надвор од форма, поради што е на втор план во Тен Хаг, иако е капитен.

Марс Ијал сезонава одигра само 490 минути во Премиер лигата, додека Санчо го загуби местото во стартниот состав иако пред две години беше платен дури 85 милиони евра .

На списокот се и голманот Хендерсон, како и дефанзивците Вилијамс и Телес.

Манчестер Јунајтед за овие шест фудбалери плати околу 250 милиони евра обештетување.