Кога ќе се спомне Информатичкиот сектор, првата слика е „компјутерџии“ седнати на своите пц-а, но никој неможе да ги поврзе со спортот, освен ако тоа не е некоја компјутерска „игрица“,

Таквата слика комплетно ќе се смени на почетокот на мај месец, за кога „Спортплан“ ја најави организацијата на првите „ИТ” Спортски игри 2023,.

Како што најавуваат организаторите, на овие игри што ќе се одржат од 5-7 мај 2023 година, во Охрид во хотелите Белви и Метропол, се очекува да настапат над 300 натпреварувачи, од повеќе компании во „ИТ“ секторот.

Организиран со професионален тим на спортски работници, предвидени се повеќе од 15 спортски дисциплини, меѓу кои: фудбал, мал фудбал, 3х3 баскет, тенис, одбојка, пикадо, серва, PS5 и ред други дисциплини.

Игрите покрај натпреварувачкиот ќе имаат и забавен карактер, па за учесниците во вечерните часови, предвидена е и богата музичка забава со наши познати македонски изведувачи.

„Поканети се сите љубители на вакви настани заедно да се натпреваруваме и уживаме во овие два предвидени дена“, велат од Спортплан, кој ќе има медиумска поддршка од нашата редакција sport+ logo.

Оние кои сакаат да учествуваат сите информации може да ги добијат на следниот линк на Фејсбук или да контактираат на contact@sportplan.mk  Пријавувањето трае до 28 април.

Инаку „Спортплан“ веќе трета година е успешен организатор на „Бизнис баскет лигата“, во која настапуваа голем број на учесници од повеќе македонски компании.