Со натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и Татран Прешов што ќе се игра утре во Битола, започнува плејофот, односно четвртфиналната рунда во ракометната регионална СЕХА лигата.
По вчерашното тешко гостување во Кавадарци, битолчани немаат многу време да подготовка, за дуелот против квалитетниот словачки шампион, па тренерот Јовиќ ќе мора да изнајде начин како да се обезбеди победа и солидна предност за реваншот на гостински терен.
„Нè чека тежок натпревар. Татран има многу интернационалци во составот. Од наша страна, ќе гледаме да се подготвиме добро и првиот натпревар да го дочекаме максимално подготвени, со позитивен резултат“,
истакна Јовиќ.
Тренерот на пелистерци смета дека дуелот со Татран е добра шанса битолчани повторно да се сплотат, алудирајќи на реакцијата на популарните „Чкембари“ кои најавија нив ракометната сезона е завршена.
„Мислам дека имаме два клучни месеци. Сметам дека треба сите максимално да се мобилизираме за да ја исполниме нашата цел, а наша цел се освојување шампионска титула и куп. Немилите настани што се случија на дербито во Скопје оставија траги, но мислам дека утрешниот натпревар е меч сите да се сплотиме за остварување на таа цел. Сметам дека Пелистер плус „Чкембари“ е еднакво на Битола, така да утрешниот натпревар е шанса за тоа и ги повикувам навивачите да не поддржат да го победиме Татран“, изјави Јовиќ.
Натпревар меѓу Еурофарм Пелистер и Татран Прешов што ќе се игра утре ќе започне од 18 часот.