Јаник Синер е првиот тенисер што обезбеди пласман во четвртфиналето на АТП Мастерс турнирот во Мајами.

Италијанецот кој е 11-ти на АТП ранг листата во два сета го победи 7-миот Андреј Рубљев од Русија.

Во мечот што траеше само 72.минути Синер го доби својот противник со 62: и 6:2, и во четвртфиналето ќе го чека победникот од мечот меѓу Холанѓанецот, Ван ден Злцхлуп и Финецот, Емил Русувуори.

Од денешните натпревари, го издвојуваме оној што е во тек меѓу Американецот, Тејлор Фриц и Данњецот, Холгер Руне, како и дуелот меѓу Карен Кахчанов и Стефанос Циципас, односно настапот на најдобро рангираниот тенисер во светот Шпанецот, Карлос Алкараз и домашниот тенисер Томи Пол.