Мексиканецот Серхио Перез извозе беспрекорна трка и ја одбрани пол-позицијата. За потврда на доминацијата на Ред бул на почетокот на новата сезона се погрижи актуелниот шампион, Макс Верстапен кој иако почна дури како 15. со феномеnaлен перформанс се проби до втората позиција за нова 1-2 победа на Ред Бул, откако и во првата трка на сезоната двата болида на овој тим беа на највисоките позиции на пиедесталот. Верстапен имаше и најбрз круг на трката за дополнителен поен на неговото конто.

Подиумот го комплетираше ветеранот Фернандо Алонсо кој е во одличен ритам и втора трка по ред завршува како третопласиран. Посебно импресивно е што Шпанецот и на 42 години се уште е спремен да се натпреварува со многу помлади возачи од себе па и да ги победува.

Зад најдобрите тројца се најде двоецот на Мерцедес, Џорџ Расел и Луис Хамилтон. На шестата и седмата позиција се најде двоецот на Ферари, Карлос Саинц и Шарлс Леклер, а во најдобрите десет уште се најдоа и возачите на Алпин, Окон и Гасли на 8 и 9 место и како последен во зоната на бодови заврши возачот на Хас, Кевин Магнусен.

Формула 1 сезоната продолжува за две недели кога на календарот е главната награда за Австралија, а во неа Верстапен влегува со бод предност во однос на Перез.