Кошаркарите на МЗТ Скопје А. претрпеа уште еден пораз на домашен терен од конкурент за опстанок во АБА лигата.

Тие попладнево загубија од Игокеа со 78:84 (24:27, 18:14, 15:14, 21:29).

Натпреварот беше изедначен три четвртини, а двете екипи се менуваа во водство.

На почетокот на последниот период МЗТ Скопје поведе со 63:59, но гостите со серија од 12-0 поведоа со 71:63. Игокеа потоа имаше и + 11 80:69, но македонскиот првак намали на 78:80, но немаше можност за пресврт.

Најефикасен на дуелот беше Ѓорѓевиќ од Игокеа со 19 поени, Мицовиќ кај МЗТ Скопје постигна 18.

Со овој пораз, вкупно 18-ти, МЗТ Скопје останува на последното место со победа помалку од Борац, односно две помалку од Морнар и Игокеа.

Во следното коло, во сабота, МЗТ го игра сигурно решавачкиот натпревар за опстанок и тоа на гостински терен кај Борац.