Ракометарките на Вардар со убедливата победа против екипата на Шампион се пласираа во финалниот меч од групата 2 на четвртфиналната руда во Купот на Македонија.

Вардар на уште на почетокот со воведните 6-0 ја најавија победата. Црвен-црните не застана тука, влегоа во ритам и до крајот на првиот дел поведоа со 10 гола разлика за резултат 11-1, на одмор заминаа со +11 (17-6).

Во вториот дел тренерот Царчев, шанса им даде на ракометарките кои вообичаено имаат помала минутажа.

Но, гостинките немаа сили ниту против нив барем малку да се вратат во дуелот, па му дозволија на домаќинот да направи поголема разлика за поубедлива победа, за на крајот натпреварот заврши со убедливи 32-18 за црвено-црните девојки.

Од поразената екипа се истакна Јана Велигденова со пет гола, а кај победничкиот тим на Вардар, Магдалена Тошевска постигна седум гола.

Така утре од 18 часот во салата во „Круме Кепески“, Вардар ќе играат против Деспина за пласман на завршниот турнир во Купот на Македонија што ќе се одржи во мај месец.

Ивона Кимовска