Продолжува ужасната серија резултати на Рајо Ваљекано и нашиот Столе Димитриевски. Имено тимот предводен од Андони Ираола пет натправари не знае за победа во шпанска Примера со што од борба за четврата позциија сега е надвор од евро-зоната.

Рајо Ваљекано иако денес два пати водеше против Џирона, гостите преку Циканков два пати се враќаа.
Домаќините најпрвин преку Изи Палазон во 23-тата минута го отворија резултатот. Радоста на домаќините траеше само шест минути кога Украинецот Циганков во 29-тата минута изедначи на 1-1.

Рајо успеа да се врати во водство преку Оскар Трејо во 34-тата минута, а токму Аргентинецот имаше шанса да зголеми и на 3-1 пред паузата, но во 41-та минута не искористи удар од белата точка.
Казната за неискористениот пенал стигна во 52-та минута и ота повторно преку Цикангов кој по втор пат го солвада нашиот интернационалец, Столе Димитреивски за 2-2, резултат што на крај се покажа и како конечен.

Рајо остана на осмата позиција со 36 бода и е се подалеку од местата кои носат излез во Европа, додека пак Џирона е на 11. место со 31 бод.