Реал е пред промоција во четвртфиналето. Само чудо може да го елиминира, имајќи во предвид дека „кралскиот“ клуб на првата средба на гости го победи Ливерпул со убедливи 5-2.

Пред реванш натпреварот во Мадрид, италијанскиот стратег Карло Анчелоти изјави дека нема да размислуваат за претходниот и ќе се фокусира на натпреварот што претстои.

„Имавме добра предност против Челзи претходната година и се измачиме на тој натпревар. Сега сме фаворити и имаме голема предност тоа се факт. Од друга страна, мораме да играме 90 минути како што игравме во првиот натпревар, иако знаеме дека водиме. Не размислуваме да се држиме до тој резултат и да играме пасивно, напротив ќе се обидеме повторно да победиме“, изјави Анчелоти.

Средбата на „Сантијаго Бернабеу“ ќе се игра утре со почеток од 21 часот.