Тимот на Арсенал кој е лидер во англиската Премиер лига, и е најсериозен кандидат за шампионскиот трофеј доминираше на синоќешната церемонија на доделување на Лондонските фудбалски награди.

Шпанскиот стратег и тренер на Арсенал, Микел Артета беше прв кој беше награден, разбирливо тој го понесе признанието „тренер на годината“ победувајќи ги убедливо останатите во конкуренцијата.

„Топџиите“ славеа и други награди и тоа:

Младиот Одегард го освои признанието за „најдобар играч во Премиер Лигата“ победувајќи го неговиот соиграч Сака како и Хери Кејн, Иван Тони и српскиот репрезентативец Александар Митровиќ.

Сепак, Сака не остана без признание па го понесе она за „најдобар млад играч“, а Рамсдејл ја зголеми бројката на четири награди освојувајќи „најдобар голман“ со што „топчиите“ ги освоија сите награди.

Арсенал има феноменална сезона не само во Премиер Лигата, туку се ќе атакува и на нивниот прв трофеј во Европа Лига.