Поради обврските кои нашите претставници во регионалната АБА лига, 17-тото коло во Првата машка кошаркарска лига, малку се развлече, па денеска и утре на програмата се три натпревари.

Два од нив ќе се играат попладнево.

Во Гевгелија кај Кожув ќе гостува екипата на ТФТ Моцарт кој во моментов е на петата позиција на табелата, но со евентуален триумф би се пробил на третото место веднаш зад лидерскиот тандем МЗТ Скопје и Пелистер.
Но, домаќините се со свои калкулации, па победа би ги зацврстија на осмата позиција, последна што носи пласман во плејофот.

Овој натпревар започнува од 18 часот (ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО ОВДЕ), а еден час подоцна (19) во Куманово кај истоимената домашна екипа ќе гостува шампионот МЗТ Скопје Аеродром. Јасно дека аеродромци ја имаат улогата на апсолутен фаворит, па се освен победа на сино-белите би било големо изненадување (ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО ОВДЕ).

Утре (среда) од 18 часот ќе се одигра и последниот натпревар од оваа рунда, а во него екипата на Чаир ќе го пречека второ рангираниот Пелистер (ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО ОВДЕ).