Актуелниот шампион МЗТ Скопје Аеродром очекувано славеше победа на гостувањето кај Струмица во последниот натпревар од 16.коло во Првата кошаркарска лига.

Аеродромци победата ја најавија уште во првата четвртина која ја добија со осум разлика, иако во втората домаќините беа оние кој ја решија во своја полза (22-21).

Третиот период МЗТ направи дополнителна предност од 10 поени, па последниот беше чиста формалност, за на крајот МЗТ да слави со конечни 88-63.

Со оваа победа, вкупно 14-та, МЗТ се врати на врвот на табелата со еден триумф повеќе од второ рангираните Пелистер.

Следен натпревар за аеродромци е дуелот во АБА лигата, против Мега на гостински терен во сабота (12 март).