Започнува новата сезона во најбрзиот спорт на светот, Формула 1.

Вкупно 23 трки ќе се возат во сезоната што претстои, а возбудувањата ќе започнат со трката во Бахреин на 5 март.

Новитет е претпоследната трка закажана за 18 ноември, што ќе се вози за Големата награда на Лас Вегас, по што ќе следува „финалето“ со трката во Абу Даби закажана за 26 ноември.

шампионската титула ја брани Холанѓанецот, Макс Верстапен, а секако покрај тимот на Реад Бул конкуренти за титулата кај конструкторите, но и поединечно, се членовите и тимовите на Ферари и Мерцедес.

Но, ако денот по утрото се познава, тогаш и ветеранот Фернандо Алонсо кој е член на Астон Мартин, а имаше најдобро време на вториот официјален тренинг, искусниот Шпанец, може и тоа како да им ја замрси математиката на фаворитите.

Првите големи возбудувања се денеска од 16 часот за кога се закажани квалификациите за првото годинашно Гранд-при што на програмата е во недела.

Во продолжение погледнете ги сите возачи и томови, како и комплетниот календар (распоред на трки) во сезоната 2023 во Ф1 шампионатот.