Помалку не вообичаено, иако сабота е резервиран за еден, сепак денеска ќе се одиграат два натпревари од 21.коло во Првата македонска фудбалска лига.

Во Кичево, актуелниот шампион Шкупи ќе ја пречека екипата на Академија Пандев. Откако минатата недела загубија на гостувањето во Кратово кај Силекс (2-1), ова е втора шанса за чаирчани да го минат составот Струга Трим Лум на врвот на табелата, имајќи в предвид дека стружани се слободни во оваа рунда

Вториот натпревар ќе се одигра во Велес, каде Работнички ќе биде домаќин на Скопје.

Двата натпревари започнуваат од 14 часот, термин во кој ќе стартуваат и утрешните дуели меѓу: Брегалница – Шкендија, Победа – Силекс и Македонија ЃП – Тиквеш.

ТАБЕЛА
1 СТРУГА 39 бодови
2 ШКУПИ 37
3 ШКЕНДИЈА 31
4 СИЛЕКС 29
5 ТИКВЕШ 28
6 БРЕГАЛНИЦА 25
7 МАКЕДОНИЈА ЃП 21
8 РАБОТНИЧКИ 21
9 АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ 15
10 ПОБЕДА 13
11 СКОПЈЕ 13