Двојна ракометна програма попладнево во Битола. Двата тима од Битола ќе играат со противници од Скопје.

Првиот дуел почнува во 16 часот и актуелниот шампион Вардар гостува кај Еурофарм Пелистер 2, екипа која знае да им „замрси“ сметки и на фаворити. Вардар во моментов е лидер на табелата со 12 бода, колку што има и Еурофарм Пелистер екипа која сака да ги надмине лошите моменти по елиминацијата во Лига Европа и со триумф над Пролет 62 да ја врати добрата атмосфера во клубот.

Денешниот дуел е прв за битолчани без досегашниот тренер Ларс Валтер, а од управата на клубот најавија дека од понеделник ќе имаат нов предводник. Почеток на дуелот Еурофарм Пелистер – Пролет 62 е закажан за 19 часот.

Четвртото коло од Супер лигата стартуваше вчера со два натпревара. Бутел го победи дома Тиквеш со 28:24, додека Алкалоид славеше на гостувањето кај Охрид со 32:26.

Табела: Вардар 12 бода, Е.Пелистер 12, Алкалоид 9, Тиквеш 7, Е.Пелистер 2 4, Бутел 4, Охрид 3, Пролет 62 2.

Дуелите од 4.коло од Плеј аут лигата:
Прилеп – Вардар Неготино (почеток 15 часот)
Струга – Голден Арт КЛ7 (почеток 16:30 часот)
Скопје 2020 – Јуниор Кисела Вода (почеток 17:30 часот)
Радовиш – МРК Куманово (почеток 18 часот)

Табела: МРК Куманово 10, Прилеп 8, Скопје 2020 8, Вардар Неготино 7, Голден Арт КЛ7 6, Јуниор Кисела Вода 3, Струга 3, Радовиш 2.