Македонскиот претставник во НЦАА лигата, Андреј Јакимовски одигра одличен натпревар во локалното дерби на Вашингтон, во кое популарните „Кугарс“ го совладаат тимот на „Хаскис“ со 93-84.
Јакимовски одново доби место во стартната петорка на тимот и врати на најдобар можен начин. За 32 минути кои ги помина на теренот, Јакимовски оствари дабл-дабл ефект со 12 поени и рекордни за него 17 скокови беше еден од најзаслужните за победата на популарните „Кугарс“ со 93-84 во локалното дерби со Вашингтон „Хаскис“.
Ова не е негов најдобар поентерски натпревар, имаше 22 поени во дуелот со Аризона Стејт одигран на 29 јануари годинава, но за Андреј ова е рекорден натпревар кога во прашање се скоковите, забележувајќи вкупно 17 од кои 11 дефанзивни и 6 офанзивни.
Токму по еден од неговите скокови и неверојатното „тач-данун“ подавање, беше забележан најатрактивниот кош на натпреварот.
Андреј Јакимовски во оваа сезона на 20 натпревари во просек бележи, 7.4 поени, 4.8 скока и 1.1 асистенција за просечно поминати 26 минути по натпревар.