Екипата на Ангели забележа победа над Работнички 2018 во натпреварот со кој беше комплетирано 16.коло во Втората машка кошаркарска лига.

Интересен натпревар одиграа овие два тима кои претендираат за високите позиции на табелата, но искуството на Ангели дојде до израз и на крајот сосема заслужено тимот од Кисела Вода се радуваше на победа со конечни 84-76.

Домаќините добро го отворија натпреварот и во петата минута имаа +7 (17-10), по што гостите погодија 4 од петте вкупно тројки во првиот период и ја добија четвртината со 22-21. Шутерското шоу на Работнички не застана тука па со погодените 7 тројки во вториот период, гостите од „Градски парк“ на пауза заминаа со +8 (32-24).

Но, старите искусни тренери не бадијала велат „само со шут натпревар тешко се добива“. Непишаното правило се покажа на дело во второто полувреме, во кое Работнички имаше повеќе од десетина обиди, но не погоди ниту една тројка. Иако имаа и водство на стартот на последната четвртина, сепак искуството на избраниците на Игор Гацов дојде до израз, па Ангели заслужено славеа со конечни 84-76.

Со оваа победа Ангели изби на 3,место на табелата со ист скор како и Работнички (11 победи и 5 порази), но далеку подобра кош разлика. На првите две позиции се Вардар и штипски Соколи.

#ТАБЕЛАБОДОНПОБПОРКР
1ВАРДАР3016142263
2СОКОЛИ2816124107
3АНГЕЛИ2716115117
4РАБОТНИЧКИ271611528
5ГКК ОХРИД261610635
6ВОДНО САНС24168871
7МКК КУМАНОВО24168840
8МЗТ СКОПЈЕ У.Б.23167945
9ШКУПИ2216610-57
10БОРЕЦ БАСКЕТ2216610-149
11БАСКЕТ КАМ1916313-140
12ЦРН ДРИМ1616016-360