Поради неделата на ЕХФ и подготовките на македонската репрезентација кои почнуваат во недела (5.март) денеска ќе се одиграат два натпревара од 4.коло од Супер лигата.

Дербито на колото ќе се игра во Охрид каде домашниот ГРК Охрид го пречекува амбициозниот тим на Алкалоид. Почетокот на натпреварот е во 20 часот.

Како најава на овој дуел е натпреварот што ќе се игра во скопската населба Бутел меѓу истоимената екипа и ГРК Тиквеш 2014. Домашниот тим нема победа во Супер лигата, додека пак гостите по трите кола немаат пораз. Овој натпревар почнува во 18 часот.

Утре (сабота) битолчани ќе имаат двојна програма, а секако поголемо влијание се очекува да прилече дуелот меѓу Еурофарм Пелистер 2 и Вардар. Овој натпревар почнува во 16 часот и е најава на дуелот меѓу Еурофарм Пелистер – Пролет 62 кој ќе стартува во 19 часот.

Табела: Вардар 12 бода, Еурофарм Пелистер 12, ГРК Тиквеш 2014 7, Алкалоид 6, Еурофарм Пелистер 2 4, ГРК Охрид 3, Пролет 62 2, Бутел 1.

Дуелите од 4.коло од Плеј аут лигата се играат утре – сабота:
Прилеп – Вардар Неготино (почеток 15 часот)
Струга – Голден Арт КЛ7 (почеток 16:30 часот)
Скопје 2020 – Јуниор Кисела Вода (почеток 17:30 часот)
Радовиш – МРК Куманово (почеток 18 часот)

Табела: МРК Куманово 10, Прилеп 8, Скопје 2020 8, Вардар Неготино 7, Голден Арт КЛ7 6, Јуниор Кисела Вода 3, Струга 3, Радовиш 2.