Македонската кадетска репрезентација ова лето ќе биде дел од Светското првенство за млади кое ќе се одржи во Хрватска. Нашиот национален кадетски тим ќе игра во групата Ф во Риека, а ривали ќе ни бидат селекциите на: Норвешка, Црна Гора и победникот од победникот на IHF Trophy. На овој турнир настапуваат селекциите на: Грузија, Гвадалупе, Никарагва, Нигерија и Тахити. Ова натпреварување ќе се игра од 7-11.март.
Двете првопласирани селекции ќе продолжат во борбата за медалите, а според рангот Норвешка е фаворит број 1 во групата, додека Македонија која беше во третиот шешир во борба за втората позиција ќе треба да ја совлада Црна Гора. Се очекува победникот од IHF Trophy да биде аутсајдер во групата.
Првенството во Хрватска ќе се игра од 2 до 13.август.
Инаку, кадетската репрезентација на Македонија предводена од селекторот Раде Стојановиќ во рамките на ЕХФ неделата на 11 и 12.март во Скопје ќе одигра два натпревара со Романија.