По репрезентативната пауза, продолжуваат натпреварите во Првата машка кошаркарска лига.

Три дневната програма ќе биде отворена денеска со три натпревари, а поради настапот на актуелниот шампион МЗТ Скопје Аеродром во АБА лигата, последниот дуел ќе се одигра во понеделник.

Денешната програма започнува во Битола каде гостува Куманово, по што следуваат две скопски пресметки, во Кале и Јане Сандански.

ДВОЈКИ ЗА 20-КОЛО ВО ПРВАТА КОШАРКАРСКА ЛИГА 
ПЕТОК
ПЕЛИСТЕР – КУМАНОВО 18:30 часот
ТФТ – РАБОТНИЧКИ 19:00
ФЕНИКС – ЧАИР 20:30
САБОТА
ГОСТИВАР – АКАДЕМИЈА ФМП 17:00
КОЖУВ – ЕУРО НИКЕЛ 18:00
ПОНЕДЕЛНИК
СТРУМИЦА – МЗТ СКОПЈЕ А. 17:00