Дербито на 14.то последно коло од групната фаза од Лигата на шампионите го доби ПСЖ совладувајќи го Веспрем со 37:35. Со оваа победа ПСЖ само го потврди првото место, но овој пораз на Веспрем значеше дека првакот на Бундес лигата Магдебург без разлика на утрешниот натпревар ќе остане на второто место.

Хрватскиот првак ППД Загреб загуби на гостувањето кај ГОГ и ќе мора да го очекува исходот од дуелот утре меѓу Порто и Висла. За полската екипа Висла да го освои шестото место потребно е да победи на гостувањето кај Порто.

На денешните одиграни натпревари беа постигнати следниве резултати:
Цеље – Алборг 31:34,
Елверум – Кил 26:26,
ПИК Сегед – Нант 28:28 (Б група),

ГОГ – ППД Загреб 33:29,
ПСЖ – Веспрем 37:35 (А група).

Утре играат: Киелце – Барселона (Б група), Магдебург – Динамо Букурешт и Порто – Висла (А група).

Табела А група: ПСЖ 24 бода (14 натпревари), Магдебург 18 (13), Веспрем 18 (14), ГОГ 15 (14), Динамо Букурешт 13 (13), ППД Загреб 8 (14), Висла 7 (13), Порто 5 (13).

Табела Б група: Барселона 25 (13), Киелце 22 (13), Нант 15 (14), Кил 15 (14) Алборг 13 (14), ПИК Сегед 11 (14), Цеље 6 (14), Елверум 3 (14).