Светскиот рекет број 1, Новак Ѓоковиќ во својот прв настап по триумфот на Австралија опен, се изнамачи да го мине првото коло на Мастерсот во Дубаи.

Србинот кој од вчера е апсолутен рекордер по бројот на минати седмици на врвот на АТП листата, мораше да одигра три сета за да го совлада 130-тиот тенисер на ранг листата Томас Махак.

Во дуелот што траеше речиси 2,5 часа, Ѓоковиќ го доби Чехот со 2-1.

Иако првиот сет кој Гоовиќ го доби со 6-3 не најавуваше таква неизвесност, сепак во следните два сосема поинаква слика.

Махак го доби вториот сет со 6-3, а во третиот што траеше 68-минути се играше тај-брејк.
Во него дојде до израз искуството на Ѓоковиќ, па со три брејка, го доби мечот со 7-1 на поени, за кончени 7-6 во гемови односно 2:1 во сетови.

Дека ова беше исклучително тежок меч на рекетот број 1, потврдува и видеото од крајот на мечот, во кој Новак спортски со аплауз го испрати Чехот, оддавајќи му признание за големиот отпор.

Во следното второ коло Новак за противник ќе го има Холанѓанецот, Талон Грикспорт кој исто така одигра три сета во мечот со Французинот, Лестиен.