Македонската сениорска репрезентација успеа да го помине и вториот претквалификациски циклус. Со пет победи и една победа, „црвено-жолтите“ стигнат до посакуваната цел, да бидат дел од европските квалификации, и преку нив да се обидат да запишат уште еден настап на големо европско натпреварување – Евробаскетот, кој е планирано да се одржи во 2025 година.

Што е бенефитот на овој успех? Македонија ќе игра во квалификациите за Европското првенство во 2025 година. Но со последната одлука и промената на системот за олимписките квалификации, со оглед на пласманот во квалификациите, ќе бидеме ослободени од играњето на третиот претквалификациски круг.

Во текот на наредниот месец-март, пак ќе дознаеме кои ќе бидат и обврските на нашите најдобри кошаркари.

Многу извесно е дека тоа ќе биде учество на еден од неколкуте планирани турнири наречени олимписки претквалификации, кои извесно е дека ќе бидат реализирани во текот на август. Но дефинитивната потврда се очекува од ФИБА, односно по завршувањето на сите светски квалификациски натпревари во овој февруарски „прозорец“…

Веќе од ноември, стартуваат и квалификациите за Европското првенство во 2025 година. Планирано е да учествуваат 32 национални тимови кои преку четири „прозорци“, во ноември 2023, февруари и ноември 2024, и февруари 2025 година, поделени во осум групи (по четири) ќе се борат за 24 места кои носат играње на самитот на најдобрите на Стриот континент.

Извесно е учеството на четирите земји-домаќини, Кипар, Финска, Летонија и Полска. Потоа следуваат победниците на претквалификациите, Македонија и Португалија (Полска беше победник во една од групите, но има директен пласман во евро-квалификациите), како и селекциите учесници во вториот круг од квалификациите за Светскиот Куп (Белгија, БиХ. Чешка, Естонија, Франција, Грузија, Германија, Велика Британија, Грција, Унгарија, Исланд, Израел, Италија, Литванија, Црна Гора, Холандија, Србија, Словенија, Шпанија, Шведска, Турција и Украина).

Со тоа се комплетира бројката од 28 од вкупно 32 репрезентации кои ќе играат во евро-квалификациите.

Последните четири места се резервирани за победниците во третиот круг од претквалификациите во кои ќе играат репрезентациите кои не го поминаа вториот круг (Австрија, Бугарија, Хрватска, Данска, Норвешка, Романија, Словачка и Швајцарија), како и оние кои застанаа во првиот (Албанија, Ирска, Косово и Луксембург).

Во периодот од 19. јули до 5.август, овие 12 национални тимови, поделени во четири групи, по три, ќе ги одлучат последните четири кои одат во главните квалификации за Европското првенство во 2025 година, кое повторно е се игра со формат на 24 репрезентации учесници.