Екипите на Работнички Скопје и Јанта Волеј со денешната средба ќе ја дополнат пет дневната програма во домашното, македонско, одбојкарско првенство.

Во реприза на ланските финални, соочувања во првенството и во купот, бранителките на двојната круна, одбојкарките на Работнички Скопје, во дуелот со Јанта волеј влегуваат како благи фаворитки, затоа што досега остварија две победи повеќе од противничките кои се веднаш зад нив на табелата, но сега со ист број на победи како и составот на Наковски волеј кој во оваа рунда со 3-0 славеше на гостувањето кај Фит фан волеј.

Табела: Работнички Скопје 14-1, Јанта волеј КВ 12-3, Наковски волеј 12-4, Фит фан волеј 7-9.

Второто коло кај дамите ќе биде заокружено утре со средбата меѓу Македонија Макс – Струмица жени (20 часот), во рамките од прволигашката фаза-2, во која Вардар ЕМ загуби од Вардар жени со 2-3.
Табела: Вардар жени 7-9, Струмица жени 5-10, Вардар ЕМ 5-11, Македонија Макс 0-15.

Во машката прволигашка конкуренција исто така на програмата беа дуелите од второто коло, во кое беа постигнати следниве резултати.

Прва лига (мажи), Втора фаза-1, (4.коло)
Струмица Никоб – Лирија 3:0 (25:17, 25:16, 25:18)
Шкендија – ГОК Борец 2:3 (23:25, 19:25, 25:19, 25:23, 14:16)
Работнички 47&22 – Весна Пробиштип 3:0 (25:17, 25:19, 25:16)
Табела: Струмица Никоб 13-1, Шкендија 12-2, ГОК Борец 11-3, Лирија 7-7, Работнички 7-7, Весна Пробиштип 6-8.

Прва лига (мажи), Втора фаза-2, (4.коло)
Штип УГД – Сушево 1978 3:0 (25:14, 25:13, 25:20)
Универзитет во Тетово – Петровец 3:0 (25:14, 25:21, 26:24)
***Слободна беше екипата на Македонија Џио
Табела: Штип УГД 6-7, Универзитет во Тетово 6-7, Сушево 3-10, Петровец 2-12, Македонија Џио 1-12.