Четиво не само за судии, туку за сите инволвирани во кошарката

Само што се изгаснаа светлата од кошаркарската Куп завршница кошаркарските работници повторно беа на собир.

Во пријатна атмосфера беше промовиран „Прирачник за кошаркарско судење“ од Александар Милојевиќ, комесар за натпреварување и Иван Мијалковски, активен кошаркарски судија.

Идејата за Прирачникот, двајцата автори и колеги кошаркарски судии ја добиле за време на пандемијата со КОВИД 19.

Во книгата со свои текстови се присутни луѓе од кошарката, но и други стручни лица во своите области, кои пак имаат допирни точки со овој спорт.

Кошарката е една од најсложените екипни спортски игри во кои доминираат брзи трансформации од акција во акција во нападот и во одбраната и е резултат на меѓусебна интеракција помеѓу играчите, помеѓу играчите и тренерите и помеѓу играчите и тренерите од една страна и кошаркарските судии од друга страна, истакнаа авторите.

Инаку, Прирачникот почнува со една изрека на еден од најдобрите фудбалски судии Пјерлуџи Колина „Колку повеќе знаеш, толку подобро судиш“.

На промоцијата на Прирачникот зборуваа и проф. д-р Ленче Алексовска Величковска, Декан на Факултетот за физi;ko obrazovanie, sport и здравје, како и најдобрите македонски и светски ракометни судии Ѓорѓи Начевски и Славе Николов.

Присутните на промоцијата имаа можност да го купат Прирачникот по цена од 300 денари, а авторите истакнаа дека собраните средства ќе бидат донирани за настраданите од земјотресот во Турција и во Сирија.