Тимот предводен од Јанис Антетокумпо го победи тимот чиј капитен беше Леброн Џејмс, на ревијалниот НБА Ол-стар викенд чиј домаќин годинава беше Солт Лејк Сити.

За прв пат капитените на двата тима ги избираа своите соиграчи пред самиот почеток на натпреварот па така во составот на Гркот се најдоа: Лаури Марканен, Донован Мичел, Џа Морант и Џејсон Тејтум (стартна петорка), Демиен Лилард, Џру Холидеј, Шеј Гилџес-Александер, Демар Дерозан, Паскал Сиакам, Бам Адебајо и Домантас Сабонис.

Леброн започна со Лука Дончиќ, Никола Јокиќ, Џоел Ембид и Кајри Ирвинг, а во неговиот тим беа и Ентони Едвардс, Џејлон Браун, Пол Џорџ, Тајрис Халибартон, Џулиус Рендл, Деарон Фокс и Џарен Џексон.Тренер на тимот беше Мајк Мелоун од Денвер.

Во натпреварот кој заврши со рекордни 184-175, за составот на Јанис, кошаркарот на Бостон „Селтикс“ Џејсон Тејтум средбата ја заврши со исто така рекордни 55 поени, најмногу во историјата на ова натпреварување, со што стана само третиот играч  55 поени, убедливо најмногу во историјата на олстар-натпреварите. Тој стана само третиот досега што успеал да ја мине границата од 50 поени, по Ентони Дејвис и Стеф Кари. кој успеал да ја мине границата од 50 поени.

Следното издание на Ол-старот ќе биде во Индијанаполис, кој требаше да биде домаќин во 2021 година, но поради пандемијата на Коронавирусот беше преместен во Атланта.