Македонскиот шампион МЗТ Скопје Аеродром ја пречекува словенечката екипа Цедевита Олимпија
натпревар во регионалната 17.коло на АБА лига.

За аеродромци кои се во серија од дури десет порази во низа (сметајќи го и поразот од Гостивар во домашниот шампионат), ова е нов предизвик првенствено да докажат самите себеси, на своите симпатизери, па и на целокупната пред се кошаркарска јавност, дека овој тим има капацитет да се носи со екипите од регионалното натпреварување.

Токму тоа го потенцира и еден од најискусните во тимот Војдан Стојановски, а пред одредено време и тренерот Драган Николиќ, па останува да се види дали сино-белите навистина дасли навистина МЗТ „вреди“ да се натпреварува во АБА лигата.

Задачата против трето пласираниот тим на табелата нема да биде нималку лесна, особено ако се земе во предвид резултатот од првата меѓусебна средба одигран во Љубљана каде МЗТ загубија со 20 поени разлика 93-73.

Но. Спортски е да се надеваат не само во клубот и симпатизерите, туку и целата јавност дека македонскиот првак „конечно“ ќе го прикаже она што сите го очекуваат и дека ќе се израдуваат на третата победа во лигата.

Натпреварот во „Јане Сандански“ ќе започне од 17 часот, а оние кои не ќе можат да бидат во салата, истиот ќе може да го гледаат ВО ЖИВО ОВДЕ на програмата на МРТ3.