Фудбалерите иако пред само неколку дена се собраа да ги одработат зимските подготовки за вториот дел од сезоната во второлигашката конкуренција, сепак тоа не им пречеше до „врв“ да ја наполнат мрежата на Тетекс.

Вардар во својот првиот контролен натпревар го надиграа Тетекс со 5-0.

Новите засилувања на црвен-црните Дарко Размоски и Дејан Цветаноски се покажаа како полн погодок, па двајцата постигнаа по два гола, а во листата на стрелци се запиша и Роберт Митев.

според најавите Вардар следниот контролен натпревар ќе го одигра против Скопје за четири дена.