Првиот викенд во февруари месец, носи богата понуда на настани.

На домашната спортска сцена. Со Куп натпреварите стартува вториот дел од сезоната во одбојката.

Во кошаркарските лиги (мажи и жени), се играат редовни кола, а два дуели се за издвојување. Три средби се играат попладнево од 18 часот. Во Скопје, со новиот спонзор и име ТФТ Моцарт ќе го пречека Гостивар, во дуелот на трето и четврто пласираните екипи на табелата, во кој Гостиварци влегуваат мотивирани по победата над МЗТ Скопје во претходното коло, но тимот од Тафталиџе верува на традицијата на нѐ победливост на домашен терен во меѓусебните пресметки.

За во понеделник е закажано вечното деби меѓу МЗТ Скопје и Работнички.
Причината за понеделничкиот термин е новиот натпревар на што ги очекува аеродромци во регионалната АБА лига во која попладнево играат против Цедевита Олимпија.


Од мак-баскетот, го издвојуваме и второлигашкото дерби меѓу Вардар и Соколи, дуелот на двете првопласирани екипи во оваа конкуренција.


На фудбалските терени низ Европа продолжуваат возбудувањата во најсилните лиги.

Македонскиот „дијамант“ Ељиф Елмас со Наполи ќе гостува кај Специа, против која лидерот во Серија А ќе се обиде да ја продолжи низата на победи.

Во Турција нашиот репрезентативец Енис Барди со својот Трабзонспор, го чека тешка задала во дуелот со лидер на табелата Галатасарај

Во Англија, Евертон ќе го пречека лидерот Арсенал кој чекори кон прва титула по пауза од 20 години. Манчестер Сити ќе проба да го стигне фаворитот со победа во дербито против Тотенхем.

Во шпанската Ла Лига, Реал Мадрид гостува во Мајорка, а првакот Барселона ќе игра против Реал Ваљадолид.

За сите овие настани и многу повеќе навремено информирајте се на нашата веб страни и нашите страни на социјалните мрежи, Фејсбук, Инстграм и Твитер.

Уживајте во богатиот спортски викенд,

Срдечно Ваш,