Натпреварите од 22.коло од Премиер лигата продолжуваат со денешните седум дуели, а секако најинтресно се очекува да биде на гостувањето на лидерот Арсенал во Ливерпул, но кај екипата на Евертон. Ова воедно ќе биде и прв натпревар за новиот менаџер на „карамелите“ Шон Дајџ откако дојде на клупата на Евертон на местото на Франк Лампард. Евертон долку сака да ја избегне опасната зона за испаѓање ќе мора да победи. Инаку на денешен дел (4.февруари) пред шест години Евертон одигра еден од најефикасните дуели победувајќи го Бурнемут со 6:3.

Почетокот на натпреварот е во 13:30 часот.

Ова коло стартуваше синоќа со нерешениот дуел на лондонските екипи Челзи – Фулам 0:0.

Во терминот од 16 часот играат: Астон Вила – Лестер, Бренфорд – Саутемптон, Брајтон – Бурнемут, Манчестер Јунајтед – Кристал Палас, Вулверхемптон – Ливерпул. Од 18:30 е дуелот Њукасл – Вест Хем.

Утре се играат дуелите: Нотигнем Форест – Лидс и дербито на колото меѓу Тотенхем и Манчестер Сити.