Кошаркарите на Вардар ќе бидат домаќини на Соколи во второлигашото кошаркарско дерби од 13-тото коло.

Ова е натпревар меѓу двете водечки екипи на табелата, на која црвено-црните се лидери со само два порази, во досегашниот тек од сезоната, а штипските Сколи се второ рангирани со пораз повеќе.

Ова е натпревар што може и директно да решава за најдобрата стартна позиција во разигрувањето, па оттаму и со право го носи приматот дерби. Дуелот ќе се игра во малата сала на СЦ „Кале“ со почеток од 18 часот, а дуелот ќе може да го седите ВО ЖИВО ОВДЕ.

За денеска закажани се уште три средби.

Програмата ја отвораат четврто пласираниот Работнички и Шкупи со средбата во „Градски парк“ што започнува од 13 часот.

Вториот тим на аеродромци МЗТ Скопје Уни Банка го пречекува Куманово во мечот од 14:30 часот, а половина час подоцна на гости кај Охрид својот меч го игра трето пласираниот тим на Ангели.

За утре закажани се средбите во Велес меѓу Борец и Водно Санс од 14 часот. односно во Струга, каде играат двете последно пласирани екипи Црн Дрим и Баскет Кам (од 16:30 часот).