„Кралскиот“ клуб брзо се врати на победничките патеки по ремито во претходното коло против Реал Сосеидад, па вечерва без посериозни проблеми со 2-0 ја совлада Валенсија.
Иако тимот од Валенсија успеа да ја сочува својата мрежа по првите 45 минути, сепак во вториот дел избраниците на Анчелоти тргнаа фуриозно. За само 3 минути постигнаа два гола, преку Асенсио (52-минута) и Винициус (54) дојдоа до сигурна предност од 2-0, резултат кој остана непроменет до крајот.
Со оваа победа, Реал остана во чекор со Барселона и сега со 45 освоени бода има 5 помалку во однос на лидерот на табелата. Валенсија пак која пред три дена се раздели со тренерот Гатузо, продолжи со серијата лоши резултати, а на последните 4 натпревари имаат дури 3 порази и само еден нерешен резултат. Ваквата катастрофална форма ја донесе Валенсија на само бод од зоната на испаѓање.